Мајка којашто го чекала своето дете пред основно училиште во Сао Паоло, Бразил, уби натрапник кој со пиштол се обидел да ги ограби присутните деца и родители.

Жената херој, по име Катја да Силва Састре, била полицајка која во тој момент не била на должност. Кога напаѓачот и се доближил, таа го извадила својот службен пиштол и пукала трипати во него.

Напаѓачот е идентификуван како Еливелтон Мореира (21). Откако бил совладан, тој бил пренесен в болница, каде што и починал.

Сето тоа се случувало по забава во училиштето, по повод Денот на мајката.

Гувернерот на Сао Паоло, Марсио Франча ја награди храбрата мајка со орден на храброст.