Американските власти соопштија дека бројот на пријавени сексуални напади во сите родови на војската е зголемен за 10 отсто во 2017 година.

На вкупното зголемување најмногу придонесе порастот од 15 отсто на бројот на пријавено сексуално насилство кај маринците, наведуваат претставници запознати со податоците.

Маринците беа во фокусот на минатогодишната истрага на Морнаричко-криминалистичката служба(НЦИС), а беше и покрената кампања за подигање на свеста за неприкладно однесување и јакнење на контролата на прописи и однесувањето на социјалните мрежи.

Во воената морнарица и военото воздухопловство бројот на пријави пораснал девет отсто, а во копнените сили осум отсто.