Украина сака мир, а Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на разговорите со Вашингтон што ќе се одржат во Саудиска Арабија.
-Украина се стреми кон мир уште од првата секунда на војната, а ние секогаш зборувавме дека единствената причина зошто војната продолжува е Русија – нагласи Зеленски на Телеграм.
Средбата меѓу делегациите на САД и Украина треба да се одржи утре во Саудиска Арабија.