Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење поради „намерната“ одлука на НАТО да не воведе зона на забранети летови над Украина во екот на руската инвазија.
– Управата на Алијансата денеска даде зелено светло за продолжување со бомбардирањето на украинските градови и села со тоа што одби да воведе зона на забранети летови – изјави Зеленски во видеото објавено вечерва на неговиот профил на „Фејсбук“.
По вчерашниот напад на нуклеарната централа Запорожје, Зеленски повторно апелираше до Западот да воведе зона на забранети летови над Украина.
Меѓутоа, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја отфрли таа можност, укажувајќи на ризикот од значително ширење на војната во Европа.
Столтенберг истакна дека авионите на НАТО ќе мора да соборат руски авиони за да се воспостави зона на забранети летови над Украина.