Фото: Пиксабеј

Украинската област Херсон почна да извезува жито од минатогодишната реколта во Русија, изјави денеска Тас Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната управа на тој регион, кој е под контрола на руската санага.

– Има места за складирање на нови култури, иако тука има многу жито. Луѓето почнаа да растовараат некои откако постигнаа договори со купувачите од Русија – рече Стремусов за новинската агенција Тас.

Тој додаде дека во тек се преговори за испорака на семки од сончоглед за производство на масло во домашни и руски фабрики.

Тој, исто така, рече дека регионот Херсон се подготвува за жетва на зимски житни култури и дека „работата ќе започне на 20 јуни“.