Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека новата стратегија за надворешна политика усвоена од претседателот Владимир Путин го идентификува Западот како „егзистенцијална“ закана за Москва.
– Егзистенцијалната природа на заканите за безбедноста и развојот на нашата земја, поттикната од дејствијата на непријателските држави е препознаена – во политиката, рече Лавров.
Тој ги оквалификува САД како движечка сила зад „антируските чувства“.