Германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателите на Франција и Полска, Емануел Макрон и Анджеј Дуда го повикаа Кремљ да се вклучи во „значаен дијалог“ за европската безбедност, јави германската новинска агенција ДПА.

Во соопштението објавено по средбата на тројцата лидери во Берлин, тие истакнува дека „секоја натамошна воена агресија на Русија врз Украина ќе има огромни последици и сериозна цена“.

Макрон го посети Берлин по разговорите за посредување во Москва и во Киев, а Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден пред два дена.

Тензиите меѓу Западот и Русија се зголемија поради распоредувањето на руските војници на границата со Украина. Тоа ги зголеми стравувањата дека Москва можно е да планира инвазија, слична на анексијата на полуостровот Крим. Русија негира дека има такви намери.