Загинати и ранети има во вечерашниот напад во трговскиот центар во израелска Јафа, дел од Тел Авив, соопшти полицијата.
Би-би-си и Си-ен-ен јавуваат за шетмина загинати и деветмина ранети, повикувајќи се на израелската полиција.
Израелските медиуми нападот го окарактеризираа како терористички.
Полицијата додаде дека напаѓачите биле „неутрализирани“.
На снимката од надзорните камери се гледаат двајца мажи, од кои едниот е вооружен со автоматска пушка.