Фото: Пекселс

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот за Алцхајмеровата болест „Џакенемаб“, развиен од јапонската компанија „Еисаи и Биоген“ за пациенти во раните стадиуми на болеста.

Лекот, што ќе се продава под името „Лекемби“, е препарат што треба да ја забави прогресијата на тешката невродегенеративна болест со отстранување на лепливи наслаги на токсичниот протеин бета амилоид од мозокот.

„Еисаи“ најави дека лекот ќе биде пуштен во продажба по цена од 26.500 долари за едногодишен третман.