Рускиот претседател Владимир Путин и покрај најавите на украинските медиуми за подготовка на посета на Донецк, не ја напушти Москва.

Шефот на руската држава присуствуваше на божиќната богослужба во катедралата Благовештение во Кремљ, јавуваат светските медиуми.

Руски и украински аналитичари забележаа дека на видеоснимката од службата, Путин стои сам со свештеникот.

Анатолиј Шари, аналитичар близок до украинските безбедносни служби, вели дека вакво нешто досега не се случило, освен за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.