Фото: Принтскрин

Илон Маск навести дека проверените профили на Твитер во иднина би можеле да чинат 8 долари месечно, и покрај негативните реакции на корисниците.

– Сегашниот систем на господари и селани на Твитер за тоа кој има или нема сина ознака е булшит. Моќта кај народот! Сино за 8 долари/месечно – напиша новиот сопственик на Твитер, сугерирајќи дека сината ознака може да им се даде на профилите што се претплатиле на премиум-услугата на платформата, Сино (Blue), за 8 долари месечно.

Маск додаде дека цената може да варира во зависност од земјата. Твитеровата сина услуга функционира во неколку земји: САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Чини 4,99 долари месечно во САД и во сегашната форма услугата нуди потесен пакет на поволности како што е можноста за поништување или уредување на твитовите.

Маск напиша и дека претплатниците на новата услуга „Сино“ исто така ќе имаат приоритет во одговорите, споменувањата и пребарувањата, што според него е „суштинско за да се поразат“ спам-профилите. Корисниците исто така ќе гледаат двојно повеќе реклами и ќе можат да објавуваат долги видео и аудиоклипови.

Промените ќе погодат околу 400.000 твитер-профили со сина ознака. Рекламирањето, кое би било намалено за претплатниците на „Сино“, според плановите, претставува 90 отсто од годишниот приход на Твитер од 5 милијарди долари.