Илустрација / Фото: Пекселс

Украинските власти денеска соопштија дека противвоздушната одбрана синоќа соборила 29 руски крстосувачки ракети, чија мета бил Киев и други региони.

-Руските окупатори извршија неколку ракетни напади од различни правци. Лансирани се вкупно 30 крстосувачки ракети, од кои 29 се соборени – соопшти украинската армија.