Фото: Пиксабеј

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47), изјави синоќа портпаролот на Пентагон Патрик Рајдер. Тој потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.

– Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот „Патриот“. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина – изјави Рајдер.

На прашање од новинар дали била погодена имено суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета.

Минатата година рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека ниту една замја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“, која може да лета со брзина од над шест маха.

– Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели – кажа тогаш Шојгу.