Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија се најде во силна група за Европското првенство в година, заедно со домаќинот Германија, еден од фаворитите за златото, Франција со и Швајцарија. Ова е резултат на ждрепката влечена во арената „Меркур-Шпил“ во Дизелдорф, Германија.

Избраниците на Кирил Лазаров своите натпревари ќе ги играат во Берлин, а за пласман во главната фаза ќе биде потребно освојување на едно од првите две места во групата.

Македонија ќе го има својот деветти настап на континенталниот шампионат на турнирот што ќе се игра од 10 до 28 јануари в година.

Групи, ЕП 2024

ГРУПА А
Франција
Германија
Македонија
Швајцарија

ГРУПА Б
Шпанија
Австрија
Хрватска
Романија

ГРУПА Ц
Исланд
Унгарија
Србија
Црна Гора

ГРУПА Д
Норвешка
Словенија
Полска
Фарски Острови

ГРУПА Е
Шведска
Холандија
Босна и Херцеговина
Грузија

ГРУПА Ф
Данска
Португалија
Чешка
Грција