Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е во подготовка за понатамошни контакти со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Имавме важни состаноци – заедно со нашиот тим се подготвуваме за нови контакти со пратениците на американскиот претседател. Утре ќе следат повеќе детали. Правиме сè што можеме за да се осигураме дека војната нема да остане единствената опција за она што следува – напиша Зеленски во соопштение објавено на веб-страницата на Претседателството.
Тој нагласи дека е значајно што „Америка споделува голем дел од ставовите на Украина во врска со ситуацијата и на фронтот и во однос на нападите“.
































