фото: Пикселс

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика меѓународните партнери да ѝ обезбедат авиони на Украина откако руски воздушен напад погоди породилиште во Мариупол.

– Ужасно воено злосторство во Мариупол. Цел на руски воздушен напад беа болница и породилиште. Можевме да го запреме ова варварство со заштита на нашето небо. Во име на хуманоста, обезбедете ни авиони, сега! Животите се губат додека ова се разгледува одново и одново – напиша Кулеба на Твитер.

Како што беше соопштено претходно денеска во руски воздушен напад врз Мариупол уништено е породилиште, болница, како и детски и терапевтски одделенија. На местото на несреќата остана кратер со дијаметар од повеќе од 10 метри.

Зеленски го оквалификува воздушниот напад како „ѕверство“.