Фото: Твитер/Владимир Зеленски

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ги прекина дипломатските односи на Киев со Москва како одговор на руските специјални воени операции.

-Ги прекинувавме дипломатските односи со Русија – нагласи Зеленски во видео порака.

Тоа го означи првиот прекин на врските откако Русија и Украина станаа независни земји по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.