Фото: Твитер/Владимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара „безбедносни гаранции“ за неговата земја од Западот и Москва во време кога Украина се соочува со закана од руска инвазија.

– На Украина ѝ се потребни безбедносни гаранции, јасни и конкретни, и тоа веднаш. И од Западот и од Русија – рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со колегите од Полска и Литванија колеги Анджеј Дуда и Гитанас Наусед.

– Во моментов, Украина не е членка на ниту еден безбедносен сојуз. Ние се браниме сами, со поддршка од нашите партнери. Но, Украинците умираат. Затоа на Украина и требаат безбедносни гаранции: јасни, конкретни, итни. Сакаме да знаеме дека можеме да ги заштитиме нашите луѓе, нашите домови, дека не сме оставени сами на себе, дека имаме поддршка и од други партнери. Мислам дека Русија треба да биде меѓу земјите кои даваат јасни безбедносни гаранции – рече Зеленски, потсетувајќи дека тој постојано предлагал средба со претседателот Владимир Путин заради смирување на актуелната криза.