ЕУ утревечер во Брисел ќе одржи итен самит за „агресивните дејствија“ на Русија против Украина, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до лидерите на Унијата.

– Важно е да продолжиме да бидеме обединети и одлучни и заеднички да го дефинираме нашиот колективен пристап и делување – рече тој.

– Затоа, би сакал да ве поканам на специјален Европски совет (самит) во четврток на 24 февруари, кој ќе се одржи во Брисел и ќе започне во 20:00 часот – стои во писмото.