Фото: Мевлут Чавушоглу (твитер)

Турција го затвори воздушниот простор за руските воени и цивилни авиони кои летаат за Сирија – изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој потенцираше дека Турција не учествува во санкциите против Русија, за да можат руските компании да работат во таа земја – пренесува ТАСС.