Фото: Твитер/Лиз Трас

Британската премиерка Лиз Трас денеска изјави дека е против воведувањето вонреден данок на профит за енергетските компании за се помогне во решавањето на цените на енергентите.

Таа повтори дека ќе направи се за да обезбеди нејзиниот план, кој ќе го објави утре, да им помогне на граѓаните и компаниите при плаќањето повисоки сметки за енергија.

Нејзината идеја е да се зголеми вадењето на нафта и гас од Северното Море и повеќе да се инвестира во нуклеарна енергија.

– Сакам да видам како користиме повеќе од нашите ресурси, што значи да вадиме повеќе нафта и гас од Северното Море и да инвестираме повеќе во нуклеарната енергија – рече Трас.