Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите на 5 ноември Европската Унија ќе треба да „плати висока цена“ поради тоа што не купува доволно американски стоки.
– Видете што ќе ви кажам: Европска Унија звучи прекрасно, нели? Сите убави мали европски држави собрани заедно – рече тој на митинг во Пенсилванија, најавувајќи дека ќе воведе „Закон Трамп за реципрочна трговија.“
– Тие не ги купуваат нашите автомобили. Не ги купуваат нашите земјоделски производи. Тие продаваат милиони автомобили во САД. Не, не, не, тие ќе мораат да платат висока цена – истакна Трамп.
Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина.
Ова би можело да предизвика глобални трговски реакции и зголемени трошоци, предупредуваат економистите.