Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на Х.
– Људмила Ивановна сѐ уште е во Салехард. Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости – напиша Јармуш.
Таа им се заблагодари на сите што побараа да се врати неговото тело.