Фото: Влада

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека свикува состанок на високи претставници од Финска, Шведска и Турција за да се обиде да го надмине противењето на Анкара за пристапување во нордиската алијанса.

Столтенберг рече дека за неколку дена ќе се одржат разговори во Брисел со високи претставници, но не наведе детали.

-Убеден сум дека ќе најдеме пат за напред-рече тој.

Столтенберг додаде дека неговата цел е да се стави крај на конфликтот пред самитот на НАТО на 28 јуни во Мадрид.

Поради новата безбедносна ситуација што настана на почетокот на руската инвазија врз Украина, Финска и Шведска минатиот месец поднесоа барање за влез во НАТО.