Фото: Принтскрин

За потребите на американската Влада и војска

Компанијата „Спејс екс“ на американскиот милијардер Илон Маск подготвува мрежа од стотици шпионски сателити, потврдија пет неименувани извори запознаени со проектот.

За мрежата на шпионски сателити е задолжена деловната единица „Спејс екс старшилд“, која во 2021 година потпиша договор вреден 1,8 милијарди долари со Националната служба за извидување (НРО), разузнавачка агенција која управува со шпионски сателити, пренесува „Еуроактив“.

Ако проектот биде успешен, значително ќе ја унапреди способноста на американската Влада и војска брзо да ги забележат потенцијалните цели речиси насекаде во светот, потврдија изворите.