Фото: Официјална страница на турскиот претседател

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го обвини Советот за безбедност на Обединетите нации дека ја продлабочува кризата во Газа со потклекнување пред „израелскиот режим“.

– Меѓународната заедница не се справува со предизвикот кога се во прашање незаконските и неограничени напади на израелскиот режим против цивилите – наведе Ердоган во изјавата.

Тој оцени дека Советот за безбедност на ОН „ја продлабочи кризата со својот едностран однос“.