Фото: Принтскрин

Азербејџаецот Север Бесирли, кој со својата стара црвена „лада“ се вклучи во акцијата за помош на Турција по катастрофалниот земјотрес, доби нов автомобил.

По земјотресите што го погодија југоисточниот дел на Турција, Бесирли го наполни својот стар автомобил со работи што би им биле од помош на настраданите, па од својата трошна куќа во Баку се упати кон Турција.

Фотографијата на која беше забележан неговиот подвиг трогна многумина, особено кога се дозна за условите во кои живее самиот Бесирли.

Фото: Принтскрин

Тој потоа гостуваше на национален телевизиски канал во Азербејџан, по што доби автомобил од азербејџански бизнисмен.

По излегувањето на Бесирли од студиото, бизнисменот ја контактирал водителката на емисијата и ветил нов автомобил за хуманиот сонародник.

Во понеделникот азербејџанскиот херој Бесирли повторно беше гостин во програмата и го доби клучот од својот нов автомобил.