Фото: принтскрин

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на Тајван, само еден ден по земјотресот од 6,8 степени.

Земјотресот бил на длабочина од седум километри, а епицентарот бил на околу 42,7 километри северно од округот Тајтунг, источен Тајван.

По вчерашниот силен земјотрес имало повеќе последователни потреси, од кои некои биле со интензитет од 5,6 и 5,9 степени што предизвикале помала материјална штета.

Тајван на 21 септември 1999 година беше погоден од земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа над 2.400 луѓе.