Хеликоптер Ми-2 се урна вчера во централниот руски регион Киров, при што загинаа сите четири патници, соопштија претставници на руското Министерството за вонредни ситуации.
Хеликоптерот, управуван од еден пилот, во кој имало лекар и двајца болничари, се урнал во шума во близина на селото Белеенки, на околу 700 километри источно од Москва, се наведува во соопштението на Министерството.
Спасувачите прво пронашле три тела на местото на несреќата, но подоцна го лоцирале и четвртото, соопшти Министерството.
Властите се уште не ги соопштиле причините за несреќата.
„Ми-2“ е мал хеликоптер со советски дизајн кој се користи за различни намени.