Еден од најстарите европски сателити се очекува да падне на Земјата во текот на неделава, пренесуваат светските медиуми.
„ЕРС-2“ беше лансиран во 1995 година како тогаш најсовремена платформа за набљудување, а престана да функционира во 2011 година. „ЕРС-2“ првично беше поставен на 780 километри над Земјата, пред да биде спуштен на 570 километри во 2011 година.
Се очекува сателитот тежок два и пол тона ќе изгори во текот на спуштањето кон Земјата, како што соопшти Европската вселенска агенција (ЕСА). Постои можност одредени делови на сателитот да паднат на Земјата, но мали се изгледите да предизвикаат штета.