Фото: Приватна архива

Како да се популаризира и актуализира стандардниот македонски јазик? Како да навлезе во секоја пора од општеството? „Нова Македонија“ со повеќе написи ќе ги објавува одговорите и идеите на нашите интелектуалци – докажани и истакнати македонисти, професори, уметници, писатели…

ДА ГО НЕГУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Јазикот е нашата татковина. Со оваа мисла, основоположникот и кодификатор на современиот македонски литературен јазик, големиот Блаже Конески, кажал сè.
Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Јазикот е нашиот идентитет! Тоа е јазикот на кој ги изговоривме првите зборови, јазикот преку кој го осознаваме светот и се спознаваме себеси. Негувајќи го македонскиот јазик, истовремено го негуваме и чуваме македоскиот идентитет!

Сакајќи да бидат во чекор со светот, за жал, младите сè повеќе користат зборови како: адни ме, ивент, атачирај, форвардирај итн.
Според мене, бројот на часови по македонски јазик во училиштата мора да биде поголем од бројот на часови по странски јазици. За жал, познавам деца кои подобро зборуваат англиски отколку македонски (мајчин) јазик. На социјалните мрежи убаво е да пишуваме со кирилско писмо.

Иван Антоновски: Зарем примерот и влогот на Конески не ни се доволни? Јазикот е нашата единствена комплетна татковина

Во печатените медиуми задолжително да се вработи лектор кој ќе ги коригира вестите кои се објавуваат, а секој водител на телевизија би требало да помине задолжителна обука за правилно зборување. Сите грешки, лошо одбрани зборови и погрешни конструкции, потоа се пресликуваат во говорот на граѓаните. Дијалектите се богатство на македонскиот јазик и мора да ги негуваме, но при јавно говорење би требало да се користи македонскиот литературен јазик.

Андријана Јаневска, пејачка и музичарка

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова: Како македонскиот јазик да остане убав и наш, а да ги следи трендовите

Ана Голејшка-Џикова: Јазикот е смисла и организам што се движи, ако го предадеме на времето ќе го изгубиме ко игла во сено

Снежана Стојчевска: Имаме флоскули, но ни треба стратегија за негување на македонскиот јазик