Фото: Tвитер/Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО изјави дека сите сојузници на Алијансата се согласуваат Украина да стане членка на НАТО, но дека прво мора да победи.

– Се уште е рано да се зборува за конкретни решенија. Многу е важно да се нагласи дека сите сојузници се согласуваат Украина да стане членка на НАТО – рече генералниот секретар на НАТО.

Според Столтенберг, Украина и нејзините сојузници ќе одлучат кога Украина може да стане членка на НАТО.

– Сега најважната задача е да обезбедиме Украина да победи во војната. Се додека Украина не победи, нема да можеме да зборуваме за нејзиното членство. Исклучително е важно да продолжиме да даваме целосна поддршка – рече Столтенберг.

Според Столтенберг, за време на овонеделниот самит на НАТО ќе бидат преземени значајни чекори за зајакнување на одвраќањето и одбраната, вклучително и три нови регионални планови, со помош на 300.000 војници во состојба на готовност.