Вашингтон ниту ја потврди ниту ја демантира изјавата на шефот на кабинетот на генералниот секретар на НАТО за отстапување територии од страна на Украина

Украинскиот државен врв сè уште е во шок и неверување поради изјавата на шефот на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Стијан Јенсен, дека „Украина може да му се приклучи на НАТО доколку се согласи да ѝ отстапи територии на Русија“. Засега, во јавноста инстантно реагираше само Вашингтон при што го лиферуваше соопштение за јавноста.
– Американската администрација демантира инволвираност во дискусии за можноста за вклучување на Украина во Северноатлантската алијанса (НАТО) доколку официјален Киев се согласи да отстапи територии што одбива да ги признае како дел од Русија – изјави координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
На прес-конференцијата за странски новинари тој исто така беше дециден.
– Ова е погрешно – изјави координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќ,а Џон Кирби, одговарајќи на барањето да се потврди информацијата за дискусијата за таквата можност за вклучување на Украина во НАТО.
Она што го изјави координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа е дека Вашингтон „веќе зборувал за обидот да ѝ помогне на Украина да го подготви патот кон членство.“
– Ние изјавивме дека Украина во иднина ќе биде во НАТО и ја поддржавме оваа идеја на самитот во Вилнус. Алијансата ја поддржа оваа идеја и ја поддржа идејата дека може да се изработи пат за членство во НАТО. Но сега главниот фокус треба да биде на помагање на Украина да ѝ се спротивстави на руската агресија и на враќање на териториите што со право ѝ припаѓаат. Тие (украинската армија) секојдневно напредуваат. Тие велат дека тоа не се случува толку брзо како што тие би сакале, но тие напредуваат и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме“ – ја заклучи оваа тема координаторот за стратегиски комуникации на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.