Фото: Принтскрин / Јуроњуз

Белата куќа повтори дека САД не поддржуваат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека нема промена во ставот на САД по ова прашање, „бидејќи не веруваме дека тоа сега има корист некому, освен на Хамас“.

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток објави дека Појасот Газа стана „најлошото место на земјата“.

– Газа е најлошото место на земјата, а енклавата се претвора во место кое не е погодно за живеење – изјави портпаролот на агенцијата, Аднан Абу Хасна.

Околу 1,9 милиони луѓе се раселени низ Газа, а околу 1,4 милиони бараат засолниште во 155 училишта и засолништа управувани од Обединетите нации.

Поголемиот дел од населението на Газа се обидува да најде спас во градот Рафа на границата со Египет.