Фото: Лукашенко/Интернет-страница на белорускиот претседател

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави денеска дека САД не дозволуваат Украина да започне преговори со Русија.

– Украинското раководство не смее да започне преговори. Сакаат да ја уништат Европа со еден удар, за преку Русија да се доближат до Кина. Се разбира, со разбивање на Русија – рече тој, а пренесе ТАСС.

На почетокот на оваа недела, Лукашенко зборуваше за потребата од преговори за мир, но и дека Украина, како и Полска и САД, треба да бидат „изложени во вистинско светло“.

– Америка која владее со Полска се плаши само од едно – нуклеарен конфликт, нуклеарно оружје. Зошто? Затоа што тогаш веќе ќе биде вжештена ситуација. Тоа е нивниот пристап“, изјави белорускиот претседател – пренесе Спутник.

Претходно Лукашенко изјави дека раководството на Украина треба да престане и да преземе чекори за прекин на конфликтот доколку не сака смрт на огромен број луѓе и уништување на земјата.