Фото: Принтскрин

Повеќе од 1.100 населени места во Украина се без струја по руските удари врз инфраструктурата, соопшти денеска украинската служба за вонредни состојби.

– Вкупно 1.162 места моментно сѐ уште се без струја – изјави портпаролот на службата Олександер Хорунџи.

Тој соопшти дека од 7 октомври околу четири илјади населени места останале без струја по воздушните напади извршени од руските сили.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека 30 отсто од електричните инсталации во земјата биле оневозможени во руските напади минатата недела.

Руски проектили ја целат украинската електрична мрежа од 10 октомври.