Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар на југот на Русија и ликвидирале шест затвореници кои држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе „Бета“.
Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“ – објавија руските медиуми.
Затвореници поддржувачи на ИСИЛ држат заложници во руски притворен центар
-Заложниците во притворот во Ростов на Дон се неповредени – соопшти Федералната затворска служба на Русија.
Претходно беше објавено дека шестмината затвореници имале гумени палки, ножеви и секири, а меѓу нив има и обвинети за врски со групата Исламска држава.