Фото: Пиксабеј

Руски суд денеска осуди жена од Санкт Петербург на условна затворска казна од две години, која оставила порака на гробот на родителите на русиот претседател Владимир Путин во која пишувало дека тие „израснале изрод и убиец“.

Судот ја прогласи за виновна Ирина Цибанева (60) за сквернавење на гроб мотивирано од политичка омраза. Нејзиниот адвокат рече дека таа не ја признала вината бидејќи физички не го осквернавила гробот и не сакала кампања во јавноста за нејзината постапка.

Пораката што Цибанева ја постави на гробот пред роденденот на Путин во октомври гласеше – „Родители на манијак, земете го со себе. Тој предизвикува толку многу болка и неволја. Цел свет се моли за неговата смрт. Смрт за Путин. Израснавте изрод и убиец“, пренесе Бета.