Фото: Пиксабеј

Музиката на уметници со руско државјанство ќе биде забранета во јавност во Украина, откако мерката денеска беше усвоена со двотретинско мнозинство во Горниот дом на парламентот, изјави пратеникот Јарослав Железњак преку апликацијата Телеграм.

Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“.

Руската музика може да помогне да се направи усвојувањето на рускиот идентитет попривлечно и да се ослаби украинската држава, се вели во текстот.

Исклучок ќе бидат само уметниците кои јавно ги осудија руските воени дејствија во Украина, а тајната служба СБУ ќе состави посебна листа на исклучоци.

Паралелно, забранет е увоз и дистрибуција на книги и други печатени материјали од Русија, Белорусија и териториите под контрола на Русија. Увозот на книги од Русија е забранет од 2016 година.