фото: Пикселс

На телевизијата Русија 1 водителката на емисијата „60 минути“ Олга Скабејева и пратеникот во Думата, Алексеј Журављов синоќа разговараа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат може да стигне до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје.

– Еден Сармат и тоа е тоа, британскиот остров постоше, британскиот остров повеќе не постои-истакна Журављов.

Додека Скабајева истакна дека на ракетата Сармат истрелана од Калининград за 106 секунди може да стигне до Берлин, до Париз за 200 секунди, а до Лондон 202 секунди.

Беше прикажана и графика – „Време на лет на ракетите РС-28 Сармат до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со најмногу оружје“.

Сармат е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува Русија секоја од нив да ја опреми секоја со десет или повеќе боеви глави.
Русија неодамна успешно ја тестираше ракета Сармат, која во НАТО круговите е позната како прекар Сатана 2 или Синот на Сатаната.