Фото: Принт-скрин

Во своето редовно ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша уништениот град Мариупол како „руски концентрационен логор среде урнатини“.

Тој додаде рече пристанишниот град во јужна Украина „бил еден од најразвиените во регионот“, а руските сили „целосно го уништија“.

Зеленски истакна и дека „окупаторите во Донбас прават се за да го уништат целиот живот“ со константно бомбардирање и воздушни напади.

– Одбраната на нашата земја, заштитата на нашиот народ буквално е борба за живот-посочи Зеленски.