Рускиот истражен комитет покрена кривична истрага за ракетниот напад на украинската армија со проектили од типот Точка-У врз Краматорск, при што загинаа најмалку 50 лица – соопшти денеска прес-службата на Истражниот комитет.

Главниот истражен оддел на Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против командантот на бригадата на украинските вооружени сили и други неидентификувани лица – се наведува во соопштението.

Тие се товарат за кривичното дело предвидено во точка 1 од член 356 од Кривичниот законик на Русија – Сурово постапување кон цивилно население и употреба на средства и методи на војување забранети со Меѓународниот договор на Руската Федерација – се додава во соопштението.