Фото: Твитер

Русија никогаш не одбила да преговара со Украина и подготвена е да води преговори поради итноста на ситуацијата, изјави денеска Марија Захарова.

На брифингот со новинарите Захарова го критикува Берлин дека ѝ испорачува оружје на Украина наместо да влијае врз Киев да почне преговори со Русија, пренесе ТАСС.

– Наместо да го искористи своето влијание врз властите во Киев за почеток на преговорите, Германија, спротивно на нејзините закони и прописи, кои забрануваат извоз на оружје во кризните региони и во зоните на вооружени конфликти, продолжува да ја снабдува Украина со вооружени системи, што само ги зголемува непријателствата – истакна Захарова.