Фото: Принт-скрин

Русија нема приговор за продолжување на Црноморската иницијатива за извоз на жито преку Црното Море, но само за 60 дена, изјави денеска во Женева рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Вершињин, по консултациите со претставниците на ОН.

– Имајќи предвид дека природата на истанбулските договори е поврзана со пакет-договори, во согласност со предлогот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, руската страна не се противи на обновувањето на Црноморската иницијатива за извоз на житарици, но само за период од 60 дена – рече Вершињин на прес-конференцијата, пренесе Тасс.