Фото: Вагнер/Tвитер

Поранешниот директор на ЦИА,пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус, оценува дека руската војска направи три клучни грешки за време на инвазијата на Украина.

-Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања, рече Петреус.

„Покрај тоа, тие немаа модерни телекомуникациски системи. Значи, генералите продолжија да им гинат“, додаде тој.

-Понатаму, тие не ги обучуваа своите војници, секогаш знаевме дека им недостасуваат професионални подофицери кои се столбот на нашите сили на Западот. Имаше многу грешки што ги покажаа, некои очекувани, а некои неочекувани, нагласи пензионираниот генерал Петреус, поранешен началник на Здружениот штаб на началаници на американската војска.

Генералот, исто така, истакна дека руските комуникациски канали се едноканални и не се шифрирани, што им олеснува на Украина и нејзините сојузници да ги следат.

Њусвик, исто така, пренесува дека Петреус кажал дека украински напад може да предизвика колапс на руските сили на југот на Украина и дека украинските сили ќе ослободат голем дел од украинската територија што Русите ја окупираа минатата година, се до Крим, пренесува загребската телевизија „Н1“.