Демократот Роберт Ф. Кенеди Помладиот вчера поднесе изјава за кандидатура до американската Федерална изборна комисија и на тој начин го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден за номинација во Демократската партија.
Кенеди Помладиот (69) е внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф. Кенеди.
Кенеди помладиот претходно беше автор на бестселери и адвокат за животна средина, но изминатите 15 години е еден од најпознатите противници на имунизацијата, тврдејќи оти вакцините не се безбедни.
Кенеди долго време беше вклучен во движењето против вакцините, но неговата активност беше интензивирана за време на пандемијата и развојот на вакцините против коронавирусот.