Фото: Принтскрин/Јутуб

Украинските сили мора да бидат протерани од областа Курск, а Русија ќе одговори на украинските напади – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

На седницата на Советот за национална безбедност тој посочи дека со упадот во областа Курск, Украина се обидува да ја подобри својата преговарачка позиција.

– Но, за какви преговори можеме да зборуваме со луѓе кои пукаат во цивили – рече Путин.

Тој оцени дека Украина со нападот се обидува да го забави руското напредување на фронтот, додавајќи дека и покрај тоа руските сили напредуваат.

Путин додаде дека Украина ќе настојува да продолжи со дестабилизација на пограничните региони.