Фото: Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагласи дека има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина, но не даде детали.

– Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна – рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.

Путин не прецизира за каков прогрес се работи.