Фото: Пиксабеј

Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Вантаа, во близина на Хелсинки.

Во инцидентот има повредени, а осомничениот за нападот е уапсен.

Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција.

Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, се додава во соопштението.

-Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци – се наведува во полициското соопштение.

Ванта има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.

Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.