Францускиот претседател бара да се заштити европската индустриска мрежа, да се отворат работни места, да се зголеми конкурентноста…

Макрон во потрага по одговор на „актуелните промени во светот“ и за „волунтаристичката американска политика“

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно предизвика големо внимание во светската јавност со изјавата дека се стреми кон економска стратегија „произведено во Европа“, за да се спротивстави на американската политика.
Тој го соопшти тоа на неодамнешната заедничка прес-конференција пред неговиот состанок со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Париз. Притоа, Макрон рече дека неговата дискусија ќе се фокусира на економската ситуација во Европа.
– Моето мислење, како што знаете, е дека ни треба стратегија „произведено во Европа“, за да дадеме сопствен одговор на промените во светот, како и на волунтаристичката американска политика, што е сосема легитимно – рече тој.
Тој ја повика на потребата да се заштити „текстурата“ на европската индустриска мрежа – создавање работни места, зголемување на конкурентноста и производство на чиста енергија.